ФСБ уапси осомничен за убиството на рускиот генерал Москалик
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека е уапсен Игнат Кузин, агент на украинските разузнавачки служби, под сомнение дека стои зад убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на рускиот Генералштаб.
Според официјалното соопштение, Кузин (роден 1983) поставил експлозивна направа во „Фолксваген Голф“ во градот Балашиха, Московска област, при што загина Москалик (роден 1966). Експлозијата била активирана со далечински управувач и предизвикала оштетувања и на околните објекти.
Турција: Уапсени околу 50 луѓе во рамките на истрагата против Имамоглу
Москалик важеше за еден од клучните руски воени команданти, со значајна улога во стратешкото планирање и во дипломатските преговори со Украина, особено во рамки на Нормандискиот формат.
Овој напад потсетува на убиството на генерал Игор Кирилов од декември 2024 година, исто така препишано на украинските служби.