ПРВ.мк
Свет

Русија го укинува мораториумот: Ќе распоредува нуклеарни ракети со краток и среден дострел

Русија го укинува мораториумот: Ќе распоредува нуклеарни ракети со краток и среден дострел
Escape

Русија планира да распореди нуклеарни ракети со краток и среден дострел како одговор на слични дејствија од страна на САД, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека Русија повеќе нема да се придржува до еднострајниот мораториум на распоредување на овие ракети, што беше воведен по истапувањето на САД од Договорот за елиминација на ракетите со среден дострел (INF договорот) во 2019 година. Според Путин, „Соединетите Американски Држави не само што развиваат вакви ракети, туку и ги распоредуваат во Европа и Азија, што ја загрозува нашата безбедност и стратешка стабилност.“

„Нема да чекаме додека таквото оружје да се појави на нашите граници. Ќе преземеме мерки“, порача Путин. Според него, Русија веќе ги започнала подготовките за распоредување на модернизирани нуклеарни ракети со среден дострел во одредени региони, кои ќе бидат оперативни во наредните месеци.

Министерството за одбрана на Русија дополнително соопшти дека ќе се постават ракети во неколку воени бази блиску до западната граница, а можни се и распоредувања на териториите на сојузниците.

Западните сојузници изразија загриженост поради ваквата најава. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата внимателно ќе ги следи дејствијата на Москва и ќе одговори соодветно „доколку се наруши безбедносната рамнотежа“.

Оваа објава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и Западот, особено поради продолжената војна во Украина и распоредувањето на ново оружје од страна на САД и нивните сојузници во Источна Европа и регионот на Индо-Пацификот.

Меѓународните аналитичари предупредуваат дека укинувањето на мораториумот ќе ја влоши состојбата и може да доведе до нова трка во вооружување, каква што беше во времето на Студената војна.

Mia Home Mavrovo