ПРВ.мк
Свет

Рекордно ниво на прогон на христијаните ширум светот - Во овие земји, христијаните се затвораат и убиваат најмногу!

Рекордно ниво на прогон на христијаните ширум светот - Во овие земји, христијаните се затвораат и убиваат најмногу!
Kristal

Повеќе од 388 милиони христијани во 2025 година се соочиле со суров прогон и дискриминација поради својата вера, покажува најновиот извештај на невладината организација „Отворени врати“. Ова претставува зголемување од осум милиони лица во однос на 2024 година, што претставува рекордно ниво на прогон.

Извештајот покажува дека илјадници христијани биле убиени, приведени или принудени да ја напуштат својата земја, додека илјадници цркви биле цел на напади. Најтешко е во Северна Кореја, Сомалија и Јемен, додека регионот на Субсахарска Африка бележи најмногу убиства врз христијаните.

Невладината организација истакнува дека бројките вклучуваат само случаи каде што е сигурно дека прогонот е поради религијата и отфрла политичка манипулација. Истражувањето опфаќа 84 критериуми и податоци од 5.000 луѓе, а „Отворени врати“ го објавува годишно од 1993 година.

Ситуацијата особено е алармантна во Нигерија и Кина, каде што христијанството се „припитомува“, додека Индија има регистрирано најголем број притворања поради закони против конверзија. Сирија, пак, бележи значително влошување на положбата на верниците во последните години.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo