ПРВ.мк
Свет

Путин со жестока порака до Западот: Секој странски војник во Украина ќе биде цел за руската армија!

Путин со жестока порака до Западот: Секој странски војник во Украина ќе биде цел за руската армија!

Рускиот претседател Владимир Путин испрати остро предупредување до западните сојузници – доколку во Украина се појават странски воени сили, Русија ќе ги третира како легитимни цели за уништување.

„Ако се појават трупи таму, особено сега – во текот на активни воени дејства – ние ги сметаме за легитимна цел,“ изјави Путин на економскиот форум во Владивосток, додавајќи дека присуството на странски сили е непотребно, освен ако не придонесуваат за долгорочен мир.

„Ако некој навистина сака мир, тогаш нема потреба да се распоредуваат странски војски на територијата на Украина. Точка.“ – категоричен беше рускиот лидер.

Оваа изјава доаѓа ден по објавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој од Париз информираше дека 26 земји се подготвени да ѝ дадат на Украина безбедносни гаранции по војната, што може да вклучи интернационални сили на копно, море и воздух.

Иако Макрон не откри конкретни имиња на државите кои би испратиле трупи, јасно е дека Франција и Велика Британија се меѓу најангажираните.

Во меѓувреме, Германија најави засилување на поддршката преку воена обука и вооружување, но остана резервирана за можноста да испрати свои војници на терен.

Од друга страна, Италија и Полска отворено изјавија дека немаат намера да распоредат војници во Украина, додека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потврди дека таква опција никогаш не се ни разгледувала.

Иако Хрватска е дел од Коалицијата на волни – група од околу триесетина земји, меѓу кои и Канада и Австралија – Пленковиќ беше дециден дека нивното учество нема да вклучува испраќање војници на украинска територија.

Escape