ПРВ.мк

Путин конечно го изјави она што цел свет сакаше да го слушне

Путин конечно го изјави она што цел свет сакаше да го слушне
Jumbo Banner

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, и дека станува збор само за прашање на време.

„Верувам дека тоа ќе се случи, без разлика на сите трагедии низ кои минуваме. Тоа е само прашање на време“, рече тој во интервју за „Русија 1“.

Путин додаде дека не се гледа себеси како политичар што одлучува за судбината на нацијата, туку како обичен човек што „дише ист воздух како милиони други Руси“.

Во однос на војната во Украина, нагласи дека Русија има доволно сила да ја заврши без употреба на нуклеарно оружје – дури и ако, како што рече, е испровоцирана да размислува за тоа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран