ПРВ.мк

Путин го разреши началникот на руските копнени сили Олег Саљуков – пред една недела ја предводеше парадата на Денот на победата

Путин го разреши началникот на руските копнени сили Олег Саљуков – пред една недела ја предводеше парадата на Денот на победата
Jumbo Banner

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот го разреши началникот на копнените сили на Руската Федерација, генерал Олег Саљуков, соопшти Кремљ. Смената доаѓа како дел од серија кадровски промени на високи воени функционери, во време кога војната во Украина сè уште трае.

Саљуков (70) ќе ја преземе новата функција како заменик на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој минатата година беше разрешен и именуван за секретар на Советот за безбедност на Русија. Промената е формализирана со указ потпишан од претседателот Путин.

Интересно е што само неколку дена пред смената, Саљуков ја предводеше воената парада по повод Денот на победата на Црвениот плоштад заедно со новиот министер за одбрана Андреј Белоусов, одбележувајќи ја 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, пренесува The Moscow Times.

Од минатата година, руските безбедносни служби поднесоа обвиненија против повеќе од десет воени и одбранбени функционери. Поголемиот дел од нив се обвинети за проневера на државни средства од големи проекти за лична корист.

Сергеј Шојгу, долгогодишен сојузник на Путин, беше разрешен во 2023 година, по повеќе децении поминати на високи функции уште од раните 1990-ти.

Кремљ негира дека овие апсења и смени се дел од чистка во воениот врв, и покрај критиките за неуспесите во Украина.

Саљуков беше на чело на копнените сили на Русија од 2014 година, надгледувајќи ги операциите во сириската граѓанска војна, како и во војната во Украина. Претходно, четири години ја извршуваше функцијата заменик-началник на Генералштабот.

Русија, која првично наводно планирала да ја заземе Украина – земја со значително помала армија – за три дена, сега е заглавена во крвав и исцрпувачки конфликт што трае веќе три години и во кој животите ги загубија илјадници луѓе.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран