ПРВ.мк

Путин го пофали Маск и го спореди со рускиот генијалец

Путин го пофали Маск и го спореди со рускиот генијалец

Путин го пофали Илон Маск и го спореди со Сергеј Корољов

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Илон Маск и го спореди со Сергеј Корољов, главниот инженер зад успехот на советската вселенска програма во 1950-те и 1960-те години, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

На дискусијата за руската вселенска политика, Путин пред студентите изјави: „Знаете, постои човек кој живее во САД, Илон Маск, кој може да се каже дека е целосно опседнат со Марс.“ Претседателот на Русија го спореди Маск со Корољов, советскиот инжењер кој имаше клучна улога во испраќањето на Јуриј Гагарин на првиот вселенски лет со човек во 1961 година.

„Такви луѓе, посветени на некоја идеја, се многу ретки. Дури и кога на прв поглед нивните идеи изгледаат неверојатно, тие по некое време се остваруваат. Како што се остварија и идеите на Корољов и на нашите вселенски пионери,“ изјави Путин, додавајќи дека такви личности како Маск и Корољов се уникатни.

Vero

Путин веќе неколку пати го пофалил Маск, чиј деловни интереси вклучуваат фабрика за вселенски технологии SpaceX, нарекувајќи го „извонредна личност“.

Неодамна, таткото на Илон Маск, Ерол Маск, изјави дека неговото семејство има одредено почитување кон рускиот претседател Владимир Путин. Во интервју за BBC на руски јазик, Ерол Маск истакна: „Ако го гледаме Путин само како човек, а не во контекст на меѓународната политика, тешко е да немате почит кон него.“

На прашањето дали Илон Маск, кој раководи со американскиот оддел за владина ефикасност, има слични ставови за Путин, Ерол Маск потврди дека нивните гледишта се во голема мера исти.

Agria