Манекенката Марија Ковалчук е во тешка состојба во болница во Дубаи.
Марија Ковалчук, украинска ѕвезда на OnlyFans, се наоѓа во болница во тешка состојба откако била пронајдена со тешки повреди во Дубаи.
Според информациите, на нејзиното тело се забележани бројни фрактури на раце, нозе, ‘рбет, како и модрици на лицето, а сега се шпекулира за сведоци кои биле присутни на целиот инцидент.
Марија била пронајдена во Дубаи со скршен ‘рбет на 12-ти март, а лекарите сè уште се борат за нејзиниот живот. Во моментот кога ја пронашле, не можела да комуницира, а сега едвај ги поместува усните, но се уште не може да зборува. Затоа, полицијата сè уште не успеала да открие што точно се случило.
Истрагата за нејзиниот случај донела неколку потенцијални верзии на настаните. Првичните информации сугерирале дека Марија исчезнала откако отишла на забава со двајца мажи.
Нејзината мајка изјавила дека не се јавила и дека го пропуштила летот за Тајланд следниот ден.
Првично, нејзината фамилија, особено мајка ѝ Ана, беше гласна во тврдењето дека ќерката им била заробена и мачена, но во меѓувреме, нејзината фамилија се повлекла и за тоа имаат добар повод.
Неколку дена подоцна следувал шокантен пресврт кога се огласила полицијата која соопштила дека девојката најверојатно паднала од недовршена зграда.
Локалната полиција за весникот Khaleej Times изјавила:
“Можеме да потврдиме дека инцидентот се случил на 12-ти март. Сведоците на местото на настанот веднаш ги повикале итните служби, а повредената била пренесена во болница, каде што и понатаму прима медицинска нега и се опоравува.”
Полицијата моментално ја истражува можноста за обид за самоубиство. Според официјалните податоци, таа била видена во близина на градилиштето во многу вознемирена состојба. Сведоците изјавиле дека била хистерична, викала и делувала нервозно.
Според официјалната верзија на властите, таа се искачила на недовршена зграда и паднала од голема висина.
Сепак, полицијата ги демантираше тврдења дека била пронајдена покрај патот, каде што наводно ја оставиле непознати напаѓачи.
За сега останува нејасно дали се работи за несреќен случај, обид за самоубиство или нешто многу потемно.
Клучните сведоци би можеле наскоро да дадат дополнителни информации кои би можеле да го осветлат тоа што всушност се случило со Марија Ковалчук таа ноќ во Дубаи.