ПРВ.мк

После страшните руски напади на Киев, Трамп со итна и остра порака до Путин: Американскиот претседател откри и колку војници гинат неделно

После страшните руски напади на Киев, Трамп со итна и остра порака до Путин: Американскиот претседател откри и колку војници гинат неделно
Jumbo Banner

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи преку неговата социјална мрежа Truth Social, реагирајќи на последниот масовен руски напад врз Киев. Во свој стил, Трамп испрати директна порака до рускиот претседател Владимир Путин, повикувајќи на итен прекин на огнот и враќање на мировните преговори.

„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Тие се непотребни и доаѓаат во многу лош момент. Владимир, СТОП! Секоја недела умираат 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!“, напиша Трамп во својата објава.

Неговата порака доаѓа во критичен момент кога ситуацијата на фронтот се влошува, а жртвите растат од двете страни. Трамп, кој веќе неколку пати најави дека има „план“ за ставање крај на војната, повторно нагласи дека конфликтот мора да заврши „што е можно побрзо, пред да стане уште полош“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран