ПРВ.мк
Свет

По пропаднатите разговори, ЕУ испрати јасна порака – дипломатијата останува единствениот пат

По пропаднатите разговори, ЕУ испрати јасна порака – дипломатијата останува единствениот пат

Европската Унија порача дека дипломатскиот пристап останува клучен за решавање на тензиите на Блискиот Исток, откако преговорите меѓу САД и Иран не донесоа резултат.

Портпаролот на ЕУ, Анвар Ел-Ануни, нагласи дека и покрај неуспехот на разговорите, Унијата нема да отстапи од дипломатските напори. Според него, дијалогот и понатаму е единствениот одржлив начин за надминување на кризата и спречување понатамошна ескалација.

Во изјавата, ЕУ ја истакна и улогата на Пакистан, пофалувајќи ги неговите обиди да посредува меѓу двете страни. Унијата најави дека ќе продолжи активно да се вклучува во сите идни дипломатски процеси, во координација со своите меѓународни партнери.

Ставот на Брисел доаѓа во момент кога ситуацијата на терен останува напната, а меѓународната заедница бара нови начини за смирување на конфликтот и избегнување на поширока регионална нестабилност.