ПРВ.мк
Црна Хроника

Ноќен хорор во Македонија – малолетник повреден со остар предмет пред игротека

Ноќен хорор во Македонија – малолетник повреден со остар предмет пред игротека

Во доцните вечерни часови во скопската населба Шуто Оризари се случил сериозен инцидент во кој малолетник повредил друг малолетник со остар предмет. Настанот се одиграл пред игротека, што дополнително ја вознемири јавноста поради возраста на инволвираните.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил околу 22:20 часот, кога едно лице со нож му нанело повреди на врсник од истото подрачје. Повредениот бил пренесен за укажување медицинска помош.

Неколку часа подоцна, околу 01:20 по полноќ, напаѓачот сам се пријавил во Полициската станица Шуто Оризари. Полицијата го презела случајот и работи на негово целосно расчистување.

По завршување на постапката и собирање на сите докази, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.