ПРВ.мк
Свет

ПЕКОЛОТ ВО ИРАН ТЕК ПОЧИЊА: Америка најави нови силни удари, Марко Рубио предупредува: „Ќе забележите промена“

ПЕКОЛОТ ВО ИРАН ТЕК ПОЧИЊА: Америка најави нови силни удари, Марко Рубио предупредува: „Ќе забележите промена“
Kristal

САД во нападите врз Иран одат „пред распоредот“ и „тек ќе започнат“ удари врз земјата во „наредните неколку часа и денови“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Навистина ќе почнете да забележувате промена во обемот и интензитетот на овие напади, бидејќи двете најмоќни воздушни сили во светот го разградуваат овој терористички режим, го уништуваат и му ја одземаат способноста да им заканува на соседите или да се крие зад зона на имунитет која му овозможува да развива нуклеарни амбиции“, рече Рубио, пренесува NBC News.

Рубио истакна дека САД не го нападнале Иран поради Израел, туку затоа што американскиот претседател Доналд Трамп донел таква одлука.

„Одлуката беше Иран да не смее да се крие зад својот балистички ракетен програм и да не може да ги спроведува нападите без да биде откриен“, додаде Рубио.

Претходно, Трамп демантираше дека Израел го вовел во војна со Иран, посочувајќи дека неговото мислење било дека Иранците први ќе нападнат. „Преговаравме со овие луѓе. Тие сакаа да нападнат. Ако не го направиме тоа, тие први ќе нападнат. Тоа ми беше многу важно“, рече Трамп.

Тој додаде дека можеби ја натерал Израел да се вмеша во однос на времето на нападите.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo