ПРВ.мк
Свет

ОТКИЕРНО КОЈ СТОИ ЗАД МАСАКРИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Постои опасност дека ова е само почетокот!

ОТКИЕРНО КОЈ СТОИ ЗАД МАСАКРИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Постои опасност дека ова е само почетокот!

Истрагата за двата смртоносни напади во училишта во Турција се проширува, при што безбедносните служби проверуваат можни поврзаности со онлајн мрежи и затворени комуникациски групи.

Според првичните информации од истрагата, постојат сомнежи дека напаѓачите биле во контакт со содржини и групи на апликацијата Телеграм, каде наводно се дискутирало за насилни сценарија и можни нови напади. Засега нема официјална потврда за постоење на организатор или директна команда зад нападите.

Властите истражуваат дали станува збор за координирано поттикнување на насилство или за поединечни случаи на радикализација преку интернет, што би можело да укаже на поширок безбедносен ризик.

Безбедносните служби предупредуваат дека истрагата е во тек и дека сите опции се отворени, вклучително и можноста за поширока мрежа која може да влијае врз ранливи млади лица.

Во меѓувреме, во Турција се засилени мерките за безбедност околу училиштата, додека јавноста бара брзи одговори и поголема заштита на учениците.