ПРВ.мк
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Мајка на ученик брутално нападнала учителка!

ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Мајка на ученик брутално нападнала учителка!

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во скопската општина Аеродром, за време на родителска средба, се случил физички напад врз учителка.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера околу 17:00 часот во училница, додека наставничката заедно со своја колешка одржувала средба со родители.

Мајка на ученик, ѝ нанела физички напад на една од учителките, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.