ПРВ.мк

Обилните дождови предизвикаа страшни поплави во Австралија – се врши евакуација со чамци и хеликоптери

Обилните дождови предизвикаа страшни поплави во Австралија – се врши евакуација со чамци и хеликоптери
Vero

Источна Австралија погодена од големи поплави – евакуации со хеликоптери и чамци

Обилни врнежи од дожд предизвикаа катастрофални поплави долж источниот брег на Австралија, при што најтешко погодени се градовите Тари и Вингам.

Спасувачките екипи, со повеќе од 1.600 ангажирани припадници на итните служби, се во постојана акција за евакуација на загрозените граѓани. Бројни луѓе кои останале заробени на покривите на своите домови се извлекуваат со помош на хеликоптери и гумени чамци.

Реката Менинг излегла од коритото и достигна историско ниво од над шест метри – што е критична точка, а водостојот сè уште расте. Поради опасноста, училиштата во погодените подрачја се затворени, а регистрирани се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Метеоролозите издадоа предупредувања за животоопасни поплави во повеќе региони, повикувајќи на крајна претпазливост и следење на инструкциите од надлежните служби.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран