Загрижувачките податоци покажуваат дека глобалниот нуклеарен арсенал претставува темпирана бомба за целото човештво.
Според најновиот извештај на американската Одбранбена разузнавачка агенција (DIA), Северна Кореја би можела да поседува дури три пати повеќе нуклеарно оружје од претходните проценки. Новите податоци зборуваат за 60 боеви глави под контрола на Ким Џонг Ун, за разлика од претходните проценки на Стокхолмскиот меѓународен институт за мир, кои изнесуваа меѓу 10 и 20.
Во доверлив извештај, до кој дошол Washington Post, се наведува дека Северна Кореја ја намалила големината на своите нуклеарни боеви глави за да ги монтира врз интерконтинентални балистички ракети, способни да погодат цели како Њујорк или Вашингтон. Овие вести доаѓаат во време на тензии меѓу САД и Северна Кореја, како и затегнати односи меѓу САД и Русија поради наводната руска вмешаност во американските избори и користењето хемиско оружје во Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја наследи програмата вредна милијарда долари за модернизација на американскиот нуклеарен арсенал, додека Русија вложува во сличен проект.

Според Билтенот на атомските научници, зголемувањето на нуклеарната реторика и ширењето на овие оружја го доближуваат човештвото до „часот на судниот ден“ – само две минути и 30 секунди од глобална катастрофа.