Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Алијансата има информации дека Русија ја разгледува можноста за поставување нуклеарно оружје во вселената, што може „сериозно да ја загрози глобалната безбедност“, објави германскиот весник „Велт“.
„Свесни сме за извештаите дека Русија ја испитува оваа опција“, изјави Руте за весникот, додавајќи дека Москва заостанува зад Западот во вселената и дека се обидува да го достигне развојот на нуклеарно антисателитско оружје.
Според него, таквото оружје не би било насочено директно кон Земјата, туку кон сателити, чие уништување може да предизвика „хаос“, бидејќи многу клучни системи на планетата се потпираат на сателитската технологија.