ПРВ.мк
Свет

Најстрог ултиматум досега: Трамп му постави рок на Путин да го заврши војниот конфликт

Најстрог ултиматум досега: Трамп му постави рок на Путин да го заврши војниот конфликт
Escape

Американскиот претседател Доналд Трамп излезе со нов, значително пократок ултиматум кон Русија, барајќи од Москва да стави крај на војната во Украина во рок од 10 до 12 дена. Оваа најава доаѓа по неговото разочарување од недостатокот на напредок во мировните разговори.

Говорејќи од Шкотска, каде што се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, Трамп истакна дека го скратува претходно дадениот рок од 50 дена, поради, како што рече, фрустрација со руските постапки.

„Нема причина да се чека… Едноставно не гледаме никаков напредок“, изјави Трамп, најавувајќи дека официјалната објава ќе следува вечерва или утре.

Тој предупреди дека ако не се постигне договор за прекин на огнот, ќе следуваат санкции или т.н. секундарни царини. „Не сакам тоа да ѝ го направам на Русија, го сакам рускиот народ“, додаде Трамп.

На прашањето дали Путин му лажел за намерите во Украина, Трамп одговори дека не сака да ја користи таа збор, но призна дека трипати верувал дека прекин на огнот е на повидок – сè додека „одеднаш не почнат да паѓаат ракети врз Киев“.

„Тоа се случи премногу пати, и не ми се допаѓа“, додаде тој.

Ова не беше прва негова изјава за Путин денот. Претходно, Трамп повторно ја изрази својата разочараност, велејќи: „Разочаран сум од претседателот Путин. Скратувам од оние 50 дена кои му ги дадов.“

Да потсетиме, на 14 јули Трамп ѝ даде на Русија рок од 50 дена да го заврши конфликтот, заканувајќи се со строги санкции. Иако, како што рече, имал „многу разговори“ со Путин и се „добро согласувал“ со него, исто така го обвини дека лансира ракети врз украински градови и убива цивили, вклучително и во домови за стари лица.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo