ПРВ.мк

Најмалку 1.644 загинати и повеќе од 3.400 повредени во земјотресот во Мјанмар, ова се деталите

Најмалку 1.644 загинати и повеќе од 3.400 повредени во земјотресот во Мјанмар, ова се деталите
Jumbo Banner

Најмалку 1.644 загинати и повеќе од 3.400 повредени во земјотресот во Мјанмар.

Додека билансот на загинати и повредени расте, хуманитарните операции во Мјанмар се соочуваат со сериозни потешкотии поради оштетувањата на патиштата и инфраструктурата, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Мјанмар вчера и предизвика смрт на 1.644 лица, ги оштети основните инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги и клучните мостови и патишта. Ова значително го отежнува пристапот до подрачјата што најмногу имаат потреба од хуманитарна помош.

Особено тешко погодениот автопат Јангон-Нејпидо-Мандалај има сериозни оштетувања, како пукнатини и деформации на асфалтната површина, што доведе до прекин на сообраќајот, а автобусите престанаа да сообраќаат, се истакнува во соопштението на Канцеларијата на ОН.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран