ПРВ.мк
Свет

Моќен земјотрес ја разниша Русија – Камчатка на нозе, сите стравуваат од нови потреси

Моќен земјотрес ја разниша Русија – Камчатка на нозе, сите стравуваат од нови потреси

Силен земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Камчатка, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Трусот е регистриран во 18:34 часот по локално време, со епицентар на длабочина од околу 10 километри.

Надлежните служби соопштија дека засега нема пријавени повредени лица или материјална штета, но внимателно ја следат состојбата.

Камчатка, дел од рускиот Далечен Исток, е позната како една од најсеизмичките региони во светот. Полуостровот брои над 300 вулкани, од кои повеќе од 30 се активни, што ја прави областа склона на чести земјотреси и ерупции.

Escape