ПРВ.мк

Масовни протести во Словачка против законот за невладини организации

Масовни протести во Словачка против законот за невладини организации
Jumbo Banner

Илјадници граѓани синоќа излегоа на улиците на Братислава протестирајќи против нов закон што, според критичарите, ќе биде погубен за многу невладини организации.

Законот, кој веќе доби поддршка од владата на премиерот Роберт Фицо, предвидува класификација на невладините организации како „лобисти“, без прецизна дефиниција за терминот, што според аналитичари може да се злоупотреби за нивно затворање.

Организаторите на протестот оценија дека оваа мерка е инспирирана од руското законодавство, кое овозможува елиминирање на независните граѓански организации и криминализирање на критичарите на власта.

Невладината организација „Виа Јурис“ предупреди дека законот е во спротивност со словачкиот Устав и прописите на Европската Унија, а неговата цел е да го ограничи делувањето на граѓанскиот сектор.

Од Владата, пак, тврдат дека законот е насочен кон зголемување на транспарентноста во финансирањето и функционирањето на невладините организации.

ELS

Протестите доаѓаат во време на зголемени тензии откако премиерот Фицо неодамна го посети рускиот претседател Владимир Путин во Москва, што беше едно од ретките патувања на лидер од ЕУ во Кремљ по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Освен тоа, Фицо ја разгледува можноста Словачка да го напушти НАТО и ЕУ, а неговата влада веќе иницираше законски измени со кои ќе стави контрола врз јавниот радиодифузен сервис, наведуваат локални медиуми.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран