ПРВ.мк

Маск: Го предизвикав Путин на борба за Украина. Aко го затворам Старлинк, Украинците ќе пропаднат

Маск: Го предизвикав Путин на борба за Украина. Aко го затворам Старлинк, Украинците ќе пропаднат
VERO Banner

Елон Маск повторно ја изрази својата позиција за војната во Украина, тврдејќи дека украинската армија ќе се соочи со сериозни проблеми без неговиот Starlink систем и апелираше за итен прекин на конфликтот.

„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден за Украина, а мојот Starlink систем е столбот на украинската војска. Ако го исклучам, целата нивна линија на фронтот ќе се распадне“, напиша Маск на X.

Маск изрази вознемиреност од продолжувањето на насилството, тврдејќи дека Украина, на крајот, нема да победи во војната. „Она што ме потресува се годините на крвопролевање во една војна која Украина неизбежно ќе ја изгуби“, изјави тој.

На крајот, Маск заклучи дека секој кој навистина се грижи и ја разбира ситуацијата треба да се заложи за крај на војната. „Секој кој вистински размислува и ги разбира последиците сака мир. МИР СЕГА!!“, напиша тој.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран