ПРВ.мк
Свет

Македонски тренер во центар на голем НФЛ скандал – наводна афера со позната новинарка ја тресе спортска јавност!

Македонски тренер во центар на голем НФЛ скандал – наводна афера со позната новинарка ја тресе спортска јавност!

Спортската сцена во САД е потресена од нов голем скандал кој, според американските медиуми, ги вклучува познатата новинарка Дијана Русини и тренерот на Њу Ингланд Патриотс, Мајк Врабел, кој има потекло од Македонија и тоа претходно го има потврдено во јавноста.

Според објавите во дел од американските медиуми, станува збор за наводна долгогодишна врска меѓу двајцата, која наводно траела со години и кулминирала откако во јавноста се појавиле фотографии на кои тие се држат за раце. Подоцна, како што се наведува, биле објавени и постари фотографии кои дополнително ги засилиле шпекулациите за нивната блискост.

Дијана Русини, која работеше во ESPN и важи за едно од најпознатите новинарски имиња во НФЛ покривањето, според истите извештаи, е во брак веќе неколку години. Таа често во својата кариера имала професионални контакти и интервјуа со Врабел, кој претходно бил тренер на Тенеси Тајтанс, пред да ја преземе клупата на Њу Ингланд.

Дополнителен интерес во јавноста предизвикаа тврдења на дел од медиумите дека наводната врска започнала уште околу 2020 година. Шпекулациите отидоа и подалеку, со неофицијални наводи дека името на синот на новинарката, роден во 2021 година, е Мајкл – исто како тренерот, што дополнително ја засили приказната во јавноста.

Во меѓувреме, Русини ја напуштила својата новинарска позиција, додека Мајк Врабел засега останува на чело на Њу Ингланд Патриотс, иако, според извештаите, притисокот од јавноста и медиумите сè повеќе расте.

Целиот случај засега останува во доменот на медиумски тврдења и шпекулации, без официјални потврди од засегнатите страни за деталите што се пренесуваат во јавноста.