ПРВ.мк

Лоши вести за Русија и Владимир Путин? Трамп ја промени играта и направи неочекуван потег

Лоши вести за Русија и Владимир Путин? Трамп ја промени играта и направи неочекуван потег
Jumbo Banner

Советниците на американскиот претседател Доналд Трамп кои имаат поостар став кон Русија, стекнуваат се поголемо политичко влијание во Соединетите Американски Држави, пишува весникот Вол Стрит Журнал, повикувајќи се на изјава на претседателот на аналитичкиот центар Саратога фондација, Глен Хауард.

„Советниците на претседателот Трамп, кои се изразито непријателски настроени кон Москва, очигледно добиваат на тежина во политичкиот процес, делумно и поради тоа што Русија го одлага процесот на мирни преговори“, се наведува во текстот на американскиот весник.

Преговори во Саудиска Арабија: Напредок, но и натаму тензија

Да потсетиме, Трамп минатата недела изјави дека разговорите меѓу делегациите на САД, Русија и Украина, кои се одржаа во Саудиска Арабија, постигнале одреден напредок.

ELS

Меѓутоа, тој истакна дека, и покрај напредокот кон можеби решение, меѓусебните непријателства сè уште доминираат во односите меѓу страните во конфликтот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран