ПРВ.мк
Свет

Кремљ подготвува смртоносна замка за Киев: Русија сака право на вето на западните безбедносни гаранции за Украина

Кремљ подготвува смртоносна замка за Киев: Русија сака право на вето на западните безбедносни гаранции за Украина

По неодамнешниот состанок во Белата куќа каде украинскиот претседател Володимир Зеленски, генералниот секретар на НАТО и лидери на клучни европски земји ги „мачкаа егото“ на Доналд Трамп, конкретни одлуки за безбедносни гаранции за Украина сè уште нема. Кремљ, како и секогаш, испраќа сигнали кои тешко се детектираат и јасно се гледа дека Русија сака да има право на вето на сите западни гаранции за Украина.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, јасно истакна дека Русија нема да прифати разговори за безбедност без нејзино учество и дека секоја безбедносна гаранција за Украина мора да биде „поуздна“ и да ја вклучува Русија како страна со право на вето. Кремљ сака да ја диктира секоја поствоена безбедносна структура, ограничувајќи ја способноста на Украина да се брани од идни руски напади и да добива помош од Западот.

Американската и европската страна сè уште ги планираат гаранциите, вклучително и опциите за испраќање европски трупи во Украина под командата на САД, без да бидат под НАТО-застава. Потпретседателот на САД, Џ. Д. Ванс, јасно порача дека Европа мора да го понесе „лавовскиот дел“ од обврските за безбедносни гаранции, додека Америка ќе помага само делумно.

Во меѓувреме, Путин и Кремљ го одолговлекуваат било каков непосреден билатерален состанок со Зеленски, преферирајќи продолжување на преговорите во „Истанбулски формат“, каде руските и украинските делегации веќе учествувале во три рунди преговори, со мал резултат – размена на девет воени заробеници. Русија ја преферира оваа форма како начин да го одложи било какво конкретно решение и да ја префрли одговорноста за застојот на Украина и Западот.

Европските лидери предупредуваат дека безбедносните гаранции не смее да ги ограничуваат украинските вооружени сили, ниту Русија треба да има право на вето врз патот на Украина кон НАТО и Европската унија. Францускиот претседател Емануел Макрон дури ја опиша руската политика како „предатор на нашите врати, кој постојано треба да ‘јаде’ за да преживее“.

Се чини дека Кремљ бара сите гаранции да се темелат на Истанбулскиот протокол од 2022 година, кој би ја направил Украина речиси беспомошна пред идни руски закани и би дале на Русија и Кина право на вето на било каква западна помош за украинската одбрана.

И додека преговорите течат во овој отежнат формат, руските сили продолжуваат со офанзиви и напади врз цивилни цели, додека иднината на мирот и безбедноста во Украина останува неизвесна.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape