ПРВ.мк

Холандија повика на отворање на засолништата за во случај на војна или природна катастрофа

Холандија повика на отворање на засолништата за во случај на војна или природна катастрофа
Vero

Холандија ги повикува општините да ги отворат засолништата за во случај на војна или катастрофа

Холандската влада денес ги повика општините ширум земјата да започнат со подготвителни активности за отворање на засолништа, вклучително и адаптација на подземни гаражи, со цел обезбедување сигурност за граѓаните во случај на воен конфликт или природна катастрофа.

Министерот за одбрана на Холандија, Давид ван Вил, по состанокот на Советот на министри, изјави дека подготвеноста за вакви сценарија е неопходна, иако се надева дека никогаш нема да се реализираат.

„Ако луѓето ги изгубат своите домови, подобро е да бидат на безбедно и суво место, каде што постои пристап до средства за комуникација“, рече министерот.

Подземните гаражи – нов потенцијален тип на засолништа

Ван Вил нагласи дека и надземните и подземните гаражи можат да послужат како ефективни засолништа, бидејќи ги исполнуваат основните критериуми за заштита, слично на традиционалните бомбардерски скривалишта.

Тој откри дека од разговорите со колеги од Финска и други европски држави добил потврда дека тие веќе сериозно се подготвуваат за можноста од вооружени конфликти на нивна територија.

„Тоа можеби нема веднаш да има исти последици за нас, но Холандија е значајна транзитна земја и мора да биде подготвена“, нагласи ван Вил.

Овој повик на холандската влада е дел од пошироките напори за јакнење на цивилната одбрана и отпорноста на општеството во услови на сè поголеми глобални безбедносни ризици.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран