ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Туристи претепани во Мармарис во ресторан – причината е шокантна

(ВИДЕО) Туристи претепани во Мармарис во ресторан – причината е шокантна
Escape

Тешка тепачка ја потресе популарната туристичка дестинација Мармарис во Турција, откако група туристи беа брутално претепани од персоналот во ресторанот „Mad Boys“, наводно затоа што одбиле да ја платат сметката од 5.000 турски лири (околу 92 фунти).

Шокантното видео, објавено од Дејли Меил, ја прикажува целата сцена: жени и мажи од туристичката група добиваат ќотек со тупаници и клоци, додека неколкумина завршуваат на земја, а персоналот продолжува да ги удира.

Во видеото се гледа како еден од вработените дури скока од прозорец за да се вклучи во тепачката, а пет лица го напаѓаат еден турист, додека две жени се обидуваат да ги раздвојат, но и тие се нападнати и паѓаат на земја.

Според очевидци, сè започнало со вербална расправија, но хаосот ескалирал во насилство. Иако полицијата пристигнала на лице место, ниту една страна не поднела жалба веднаш, по што случајот бил затворен.

Но по објавата на снимката, јавноста реагираше бурно, а турските власти веднаш презедоа мерки. Ресторанот е затворен на неодредено време, а пет члена на персоналот се уапсени.

Управителот на ресторанот за турскиот весник AKŞAM тврди дека туристите ги навредувале Турците и турското знаме и тие први започнале со насилството.

Од канцеларијата на губернерот на Мармарис беше испратено официјално соопштение:

„Треба да се знае дека насилството врз жените е целосно неприфатливо во покраината Мугла. Нашата земја цврсто стои против сите форми на насилство.“

Истрагата продолжува, а настанот фрла сенка врз туристичката сезона во Турција, со сè погласни повици за зголемена заштита на странските посетители.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo