ПРВ.мк
Свет

Едно лице загина, стотици евакуирани поради разорна бура!

Едно лице загина, стотици евакуирани поради разорна бура!
Escape

Јужна Кореја ја погоди силна бура со обилни дождови, при што загина едно лице, а над 100 луѓе беа евакуирани, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност на земјата.

Во делови од регионот Јужен Чунгчеонг, јужно од Сеул, наврнале повеќе од 400 милиметри дожд од средата навечер, јавува Ројтерс. Две лица кои биле заробени од свлечиште во тој регион биле успешно спасени, пренесе агенцијата Јонхап.

Бидејќи врнежите продолжуваат, Корејската шумарска служба ги зголеми предупредувањата за свлечишта на највисоко ниво во неколку области, меѓу кои и регионот Чунгчеонг, пренесува Танјуг. Властите ги повикуваат граѓаните на максимална претпазливост.

Mia Home Mavrovo