ПРВ.мк
Свет

Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации за војната

Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации за војната

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, истакна дека е незамисливо руските средства, блокирани во земјите на Унијата поради конфликтот во Украина, да ѝ бидат вратени на Москва без Русија да ги надомести штетите од војната.

– „Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации“, рече Калас пред медиумите, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Во моментов, околу 210 милијарди евра руски имот се замрзнати во ЕУ како дел од санкциите воведени против Москва поради инвазијата на Украина. Украина и некои членки на Унијата, меѓу кои Полска и балтичките држави, предлагаат средствата да бидат конфискувани и искористени за помош на Киев.

Сепак, големите земји како Франција, Германија и Белгија ги одбиваат овие предлози, истакнувајќи дека веќе е предвидена идната заработка од замрзнатиот имот за финансирање на помошта за Украина и посочуваат на правни пречки за конфискација.

Дискусијата во ЕУ сè повеќе се фокусира на начинот на кој средствата би можеле да се искористат по завршувањето на војната.

Escape