ПРВ.мк

Израелски воздушен напад во Газа: Загинаа 10 цивили, половина од нив деца

Израелски воздушен напад во Газа: Загинаа 10 цивили, половина од нив деца
Jumbo Banner

Во нов утрински воздушен напад на израелската армија врз трикатна станбена зграда во градот Газа, животот го загубија најмалку 10 лица – од кои пет беа деца, а три жени.

Нападот се случил во западниот дел на градот, а телата на загинатите биле пренесени во болницата Шифа, која го потврди бројот на жртви. Израелските сили соопштија дека целта на нападот било, како што тврдат, скривалиште на милитанти од Хамас.

Во меѓувреме, Хамас испрати делегација во Каиро со надеж дека ќе се обноват преговорите за примирје, кое беше прекинато по минатомесечната ескалација на израелските бомбардирања.

Израелските власти, пак, остануваат на ставот дека воената операција ќе продолжи сè додека не бидат ослободени сите заложници и Хамас не биде целосно неутрализиран – било преку уништување или разоружување.

Хамас подготвен за целосен прекин на војната, но под еден услов

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран