ПРВ.мк
Свет

Израел гори од протести – Половина милион на улиците бараат крај на војната и пад на Нетанјаху

Израел гори од протести – Половина милион на улиците бараат крај на војната и пад на Нетанјаху

Во Тел Авив и низ цел Израел синоќа избувнаа масовни демонстрации какви ретко се видени во земјата. Над половина милион луѓе само во главниот град, а околу еден милион низ државата, излегоа со јасна порака – стоп на војната во Газа и крај на политиката на Бенјамин Нетанјаху.

Протестите беа предводени од семејствата на заложниците и добија поддршка од универзитети, технолошки компании и општини. Блокирани беа главни патишта, меѓу нив и автопатот Тел Авив – Ерусалим, а демонстрантите протестираа пред домовите на министри и воени објекти.

Се слушаа скандирања против бескрајната војна и против премиерот кој, според протестантите, се држи за фотелјата по секоја цена. Нетанјаху возврати со критика, велејќи дека прекин на операциите би значел победа за Хамас и поголем ризик за идни напади.

И покрај неговите најави за нови воени акции и напад врз Газа Сити, анкетите покажуваат дека речиси 80% од Израелците сакаат прекин на огнот ако тоа значи ослободување на заложниците.

Се чини дека незадоволството во Израел е на историско ниво – прашањето е дали Нетанјаху ќе издржи под ваков притисок.

Escape