ПРВ.мк

Изјавата на Марин Ле Пен го потресе светот: Макрон се подготвува за војна?

Изјавата на Марин Ле Пен го потресе светот: Макрон се подготвува за војна?
Jumbo Banner

Лидерката на десничарската партија Национално обединување (РН) и кандидатка за претседател на Франција, Марин Ле Пен, денеска го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека неговото однесување наликува на подготовки за војна, а не за мир.

„Не знам дали Емануел Макрон навистина сака мир во Украина. Имам впечаток дека се подготвува за војна“, изјави Ле Пен, додавајќи дека Макрон ја презел улогата на „воен лидер“ по неговата посета на Украина.

Оваа изјава доаѓа само еден ден по посетата на Макрон во Киев, каде тој се обиде да издејствува прекин на огнот со Русија, но Ле Пен го обвини претседателот на Франција дека ја презел позицијата на „воен лидер“ и ја постави дилемата дали Макрон навистина сака мир или ќе продолжи да го поддржува конфликтот.

„Поставувам прашање за смислата на оваа коалиција. Дали сакаат да постигнат мир или, на крајот, ќе ја поттикнат војната?“, истакна лидерката на Националното обединување.

Макрон, заедно со британските, германските и полските колеги, минатата сабота патуваше во Киев за да ја изрази поддршката на украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговата борба против Русија. По неговата посета, Украина и нејзините западни сојузници, заедно со САД, поставија ултиматум за Русија да прифати „целосно и безусловно“ примирје од 30 дена, почнувајќи од понеделник, и најавија нови санкции доколку Москва не го прифати договорот.

„Не сметам дека треба по секоја цена да дозволиме разговорите да се водат само меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин. Се уште не можам да утврдам дали Емануел Макрон навистина сака да постигне мир. Веќе неколку месеци имам впечаток дека тој всушност се подготвува за војна“, додаде Марин Ле Пен.

Неколку часа по предлогот за примирје од страна на Европската „Коалиција на волни“, рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Европа за „грубото постапување со Русија“ и изјави дека секое евентуално примирје треба да биде дел од „директни“ преговори со Киев. Путин предложи продолжување на преговорите без никакви предуслови на 15 мај во Истанбул.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран