Трамп ја пречекува Мелони во Белата куќа – царините, одбраната и геополитиката во фокусот
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамки на работна посета чиј фокус ќе бидат економските и безбедносните прашања меѓу САД и Европската унија.
Според најавите, централна тема на разговорите ќе биде можното зголемување на царините на увозот на европска стока во САД – потег кој би можел значително да ги засили тензиите во трансатлантските трговски односи.
Покрај економските теми, Трамп и Мелони ќе разговараат и за трошењето на средства за одбрана, со посебен акцент на исполнувањето на обврските кон НАТО, како и за актуелните конфликти во Украина и на Блискиот Исток. На агендата се очекува да се најдат и прашања поврзани со енергетската безбедност, како и пошироките односи меѓу САД и Европската Унија.
Посетата се смета за значаен дипломатски момент, особено во контекст на растечките предизвици на глобалната сцена и засилените апели за координиран пристап меѓу западните сојузници.