ПРВ.мк

Историска средба: Зеленски на средба со Путин во четврток во Турција?

Историска средба: Зеленски на средба со Путин во четврток во Турција?
Jumbo Banner

Зеленски: Ќе се сретнам со Путин во Турција во четврток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе одржи директна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Турција, во четврток.

„Ќе се сретнам со Путин во Турција во четврток“, изјави Зеленски, најавувајќи потенцијално историска рунда преговори чија цел е прекин на огнот и отпочнување процес за траен мир.

Средбата е во согласност со повиците од меѓународната заедница за деескалација и дипломатско решение на воениот конфликт што трае од 2022 година. Турција, како и досега, се нуди како неутрален посредник и домаќин на разговорите.

Засега нема дополнителни детали за форматот на средбата и темите што ќе бидат на маса.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран