Германскиот добавувач на автоделови „Bosch“ планира да издаде обврзница во вредност од неколку милијарди евра за да собере капитал за инвестиции, иновации и идни аквизиции, објави компанијата во вторникот
Обврзницата ќе биде пуштена во оптек во следните неколку дена, според дневниот деловен весник Handelsblatt, кој прв ја објави веста повикувајќи се на извори од финансискиот сектор.
„Bosch“ им се обратил на потенцијалните инвеститори нудејќи им нова обврзница, објави весникот, додавајќи дека не е донесена конечна одлука за големината на обврзницата, но се очекува дека вредноста ќе биде блиску до најголемата емисија на компанијата досега, издадена во 2023 година и вредна 4,5 милијарди евра.
Портпаролот на „Bosch“ потврди во средата за Reuters дека компанијата планира да ја затвори трансакцијата во мај, одбивајќи да даде дополнителни детали за објавувањето.
Компанијата има намера да искористи дел од собраниот капитал за финансирање на планираното спојување на бизнисот за греење, ладење и вентилација (HVAC) на јапонската мултинационална компанија „Johnson Controls/Hitachi,“, додал портпаролот, што би било најголемото преземање на „Bosch“ досега.