ПРВ.мк

Газа конечно добива хуманитарна помош? Луѓето во Газа умираат од глад

Газа конечно добива хуманитарна помош? Луѓето во Газа умираат од глад
Jumbo Banner

САД ќе доставуваат хуманитарна помош во Газа – Израел ќе обезбедува, но нема да учествува во распределбата

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, изјави денес дека Израел нема да учествува во распределбата на хуманитарната помош за жителите на Газа, но ќе биде вклучен во нејзиното безбедносно обезбедување.

На прес-конференција, Хакаби нагласи дека испораката на помошта не е условена со постигнување прекин на огнот. Агенцијата Ројтерс потсетува дека Израел од 2 март целосно го блокира влезот на хуманитарна помош во палестинската енклава.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена истакна дека Вашингтон ќе интервенира за да им овозможи на цивилите во Газа пристап до основни намирници.

„Луѓето умираат од глад и ние ќе се погрижиме да добијат храна“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, пренесе NBC. Тој ја обвини организацијата Хамас дека ја присвојува целата доставена помош, спречувајќи нејзино дистрибуирање до населението.

Во меѓувреме, израелската влада го одобри планот за преземање на целата територија на Појасот Газа како дел од проширената воена офанзива насочена кон целосен пораз на Хамас.

Израел веќе повеќе од два месеца го блокира хуманитарниот пристап до Газа, откако последните преговори за прекин на огнот пропаднаа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран