ПРВ.мк
Свет

Етна со спектакл ја дочека 2026: Лава се излева од највисокиот активен вулкан во Европа, но без опасност

Етна со спектакл ја дочека 2026: Лава се излева од највисокиот активен вулкан во Европа, но без опасност
Kristal

Новата 2026 година започна со импресивна природна глетка на Сицилија. Највисокиот активен вулкан во Европа, Етна, влезе во нова еруптивна фаза и почна да исфрла лава, создавајќи спектакуларен, но засега безбеден природен феномен.

Според вулканологот Борис Бенке, актуелната ерупција не претставува закана за населението, бидејќи лавата се движи по горните падини на вулканот и не се приближува до околните населени места.

„Точно околу полноќ, на 1 јануари, сателитските термички сензори регистрираа необични топлински сигнали во областа на Етна. Неколку часа подоцна, утринските сателитски снимки потврдија формирање на нов лавин тек во горниот дел на долината Вале дел Бове, веднаш под гребенот Серакоцо“, објави Бенке на социјалните мрежи.

Според неговите информации, лавата излегува од отвор лоциран на околу 2.100 метри надморска височина, што ја прави оваа ерупција типична „тивка“ странична активност, карактеристична за Етна.

„Иако станува збор за релативно мирна ерупција, визуелниот ефект е фасцинантен. Протокот на лава, гледан од источната падина на вулканот, создава впечаток дека се спушта многу ниско и дека е опасно блиску до селата, иако во реалноста нема непосредна закана“, појасни Бенке.

Почетокот на ерупцијата поминал незабележано за локалното население, бидејќи источната страна на вулканот во тој момент била целосно покриена со густи облаци, а ниту надзорните камери не успеале да го регистрираат моментот на активирање.

Етна и понатаму останува под постојан мониторинг, додека научниците внимателно ја следат состојбата и евентуалниот развој на оваа нова вулканска фаза.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape