Во текот на ноќта, украинскиот град Одеса повторно беше цел на масовен напад со дронови, при што најмалку 18 лица се повредени, соопштија локалните власти.
Најголем дел од штетата е регистриран во Приморскиот округ, каде биле погодени станбени згради и повеќекатници. Нападите предизвикале пожари на покривите и горните катови, а делови од градот останале со сериозни оштетувања.
Според информациите, меѓу повредените има и 17-годишно момче, додека две лица се наоѓаат во тешка состојба и се згрижени на интензивна нега.
Покрај станбените објекти, оштетени се и јавни и комерцијални згради, вклучувајќи градинка, трговски центар, хотел и административни објекти. Уништени или оштетени се и голем број автобуси и автомобили.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на нападот биле лансирани една балистичка ракета и повеќе од 200 дронови, од кои значителен дел биле пресретнати и неутрализирани.
Овој напад претставува уште една ескалација на конфликтот, со сериозни последици врз цивилната инфраструктура и безбедноста на населението.










