ПРВ.мк

Џеј Ди Венс: “Русите бараат премногу”

Џеј Ди Венс: “Русите бараат премногу”
Jumbo Banner

Вашингтон: САД сметаат дека Русија „бара премногу“ во мировниот предлог за Украина

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп смета оти Москва поставила преголеми барања во својот првичен предлог за мировен договор за прекин на војната во Украина.

Во своето обраќање на настан организиран од Минхенската безбедносна конференција во Вашингтон, Венс нагласи дека САД се залагаат за долгорочно решение и директни преговори меѓу Москва и Киев.

„Нашиот прв одговор на рускиот мировен предлог беше дека тие бараат премногу“, изјави Венс, пренесе CBS News. Тој додаде дека Русија инсистира на сериозни отстапки од украинска страна, но не ја исклучи можноста дека Москва е подготвена за преговори: „Не би рекол дека Русите не се заинтересирани за решение, но нивните почетни услови се неприфатливи.“

Инаку, САД и Украина во март соопштија дека Киев е подготвен да прифати 30-дневен прекин на огнот, но според Венс, Москва смета дека таква пауза не одговара на нејзините стратешки интереси.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран