ПРВ.мк

Доминикана: Се урна покрив на ноќен клуб: Најмалку 13 лица загинаа

Доминикана: Се урна покрив на ноќен клуб: Најмалку 13 лица загинаа

Најмалку 13 лица загинаа кога се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти локалната полиција во Санто Доминго.

Се уште не е познато како се урнал покривот на овој познат клуб Џет сет.

Инцидентот се случил за време на настапот на познатиот пејач Рубио Перез.

Локалните власти објавија дека најмалку 93 лица биле пренесени со брза помош во неколку околни болници.

Vero

„Нашиот град се буди за страшната трагедија што се случи во ноќниот клуб Џет Сет. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, а нашите мисли се со семејствата кои чекаат вести за своите најблиски“, изјави градоначалничката на Санто Доминго, Каролина Мехија де Гариго.

Полицијата е на лице место и врши увид, по што ќе се знаат повеќе детали за оваа страшна трагедија.

Agria