ПРВ.мк

Дали Путин ќе замине за Истанбул? Зеленски би можел да дочека неочекувани соговорници

Дали Путин ќе замине за Истанбул? Зеленски би можел да дочека неочекувани соговорници
Jumbo Banner

Путин наводно нема да се појави на преговорите во Истанбул – Русија ќе го испрати Лавров

На социјалната мрежа Х се појавија информации дека рускиот претседател Владимир Путин нема да отпатува утре во Истанбул, каде што ќе го очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Претседателот Владимир Путин нема да учествува на разговорите во Истанбул. И покрај потврдата од страна на Зеленски дека ќе пристигне во Турција, Русија ќе биде претставувана од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Преговорите ќе ги водат Лавров и советникот на Зеленски, Јуриј Ушаков“, се наведува во објава на социјалната мрежа Х.

За сега, нема официјална потврда за овие наводи од руските или украинските власти.

Да потсетиме, официјален Киев денеска соопшти дека претседателот Зеленски ќе прифати да разговара само директно со рускиот лидер и нема намера да учествува во преговори со други претставници на Москва.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран