ПРВ.мк
Свет

Катастрофално невреме ја парализира Шпанија: Болници поплавени, возови запрени, аеродром во хаос

Катастрофално невреме ја парализира Шпанија: Болници поплавени, возови запрени, аеродром во хаос
Escape

Екстремно невреме го зафати североистокот на Шпанија, особено регионот Каталонија, каде обилните дождови и силниот ветер предизвикаа големи нарушувања во сообраќајот и нанесоа штети на јавната инфраструктура.

Шпанската метеоролошка агенција Аемет издаде црвен метеоаларм за голем дел од Каталонија, откако за само неколку часа во одредени подрачја наврнаа повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар. Ваквите услови доведоа до поплави, прекини на струја и прекинат железнички сообраќај.

Во Барселона, една болница остана без електрична енергија и беше принудена да прекине со прием на нови пациенти. На аеродромот „Ел Прат“, патнички авион кој полетал кон САД морал да се врати откако град му го оштетил носот.

Железничкиот сообраќај во цела Каталонија беше целосно запрен неколку часа. Компанијата „Ренфе“ ги суспендираше сите брзи, регионални и приградски линии поради поплавени пруги и оштетувања од невремето.

Иако временските услови беа сериозни, службите за итни случаи соопштија дека повеќе од 70 лица побарале помош, но среќно – нема информации за потешко повредени. Два часа по активирањето, црвениот аларм беше повлечен, но предупредувањата за нестабилно време остануваат активни.

Освен Каталонија, обилни врнежи беа забележани и во соседните региони Арагон и Валенсија, каде властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, бидејќи можно е ново влошување на временските услови во следните денови.

Ask ChatGPT

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo