ПРВ.мк
Свет

Хамас со јасна порака: Без независна држава со Ерусалим – нема крај на отпорот

Хамас со јасна порака: Без независна држава со Ерусалим – нема крај на отпорот
Escape

Палестинските милитантни групи, предводени од Хамас, категорично изјавија дека нема да запрат со отпорот сè додека не заврши израелската окупација и не се воспостави независна палестинска држава со Ерусалим како главен град. Оваа порака е директен одговор на т.н. „Њујоршка декларација“, која повикува на прекин на војната во Газа и политичко решение за конфликтот.

Декларацијата е иницирана од Франција и Саудиска Арабија, а ја поддржуваат 15 држави, меѓу кои се Бразил, Канада, Турција, Катар, Јордан, Египет, Велика Британија, како и Европската Унија и Арапската лига. Таа повикува на „праведно, мирно и трајно решение“ преку моделот на две држави, при што целата територија на Палестина би била под јурисдикција на Палестинската самоуправа, со соодветна меѓународна поддршка.

Изјавата го потсетува и на обврските што претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги презеде уште во јуни како дел од напорите за меѓународно признавање на палестинската државност. Целта е јасна – да се мобилизира глобалната поддршка за формирање целосно суверена држава на Палестинците.

Иако Генералното собрание на ОН никогаш не го осуди директно нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, кој предизвика брутална израелска офанзива врз Газа, текстот на декларацијата сепак го осудува тој напад, со што се обидува да воспостави рамнотежа во меѓународната реторика.

Одговорот на Хамас, сепак, е категоричен – секој мировен обид што не предвидува целосна независност и Ерусалим како палестинска престолнина ќе биде одбиен. Тие не го признаваат легитимитетот на компромисно решение и најавуваат продолжување на борбата додека нивната цел не биде постигната.

Mia Home Mavrovo