ПРВ.мк

Австриски генерал со предупредување: Заканата од напад е реална, мораме да бидеме подготвени – откри и како непријателите ќе се обидат да нападнат

Австриски генерал со предупредување: Заканата од напад е реална, мораме да бидеме подготвени – откри и како непријателите ќе се обидат да нападнат
Jumbo Banner

Австриски генерал предупредува: Заканата од напад е реална, армијата мора да биде подготвена

Командантот на копнените сили на Австрија, генерал Мартин Дорфер, излезе со сериозно предупредување – заканата од напад врз Австрија не е само теорија, туку реална можност, а државата мора да ја зајакне својата одбранбена подготвеност.

Во интервју за Салцбургер Нахрихтен, генерал Дорфер истакна дека иако Австрија не се наоѓа на првата линија на можен конфликт, нејзината географска положба ја прави исклучително важна.

„Австрија е во срцето на Европа, низ нашата територија минуваат клучни транзитни патишта, како и енергетски мрежи за гас и струја. Тоа ја прави нашата земја потенцијална цел“, изјави тој.

Она што особено загрижува, според него, е што евентуалниот напад не мора да дојде во форма на класичен воен напад. Многу поверојатно е користење на специјални единици, терористички групи или дури и организиран криминал – сценарио што генерал Дорфер го смета за „апсолутно реално“.

Генералот отворено призна дека на австриската армија ѝ недостасуваат клучни елементи, меѓу кои особено ја потенцира запоставената воздушна одбрана, која со години трпела поради финансиски ограничувања.

Сепак, новиот план за реконструкција, кој започна во 2023 година, има за цел да ја врати борбената способност на армијата. Еден од првите чекори е промена во начинот на обука на регрутите – тие сега повторно поминуваат шест месеци во вистински воени единици.

„Оваа обнова е директен одговор на руската агресија врз Украина и на севкупната влошена безбедносна слика во светот“, додаде Дорфер.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран