ПРВ.мк
Свет

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРИНЦ ЕНДРЈУ: Е-пораки до Епстин и доверливи извештаи го доведоа во центарот на истрагата!

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРИНЦ ЕНДРЈУ: Е-пораки до Епстин и доверливи извештаи го доведоа во центарот на истрагата!
Kristal

Поранешниот британски принц, Ендрју Маунтбатен-Виндзор, утрово беше уапсен на својот имот во Сандрингем поради сомнение за злоупотреба на положба и овластувања. Апсењето следува откако неодамна објавените документи поврзани со Џефри Епстин открија дека Маунтбатен-Виндзор, додека бил британски трговски пратеник, наводно споделувал доверливи информации со осудениот финансиер и други лица.

Иако претходно беше познато дека тој се соочуваше со обвиненија за сексуално злоставување, новите документи го насочуваат вниманието кон можното злоупотребување на доверливи информации од владата. Е-пораки испратени во 2010 година покажуваат дека Маунтбатен-Виндзор му препраќал службени извештаи од посети на Сингапур, Виетнам, Хонг Конг, како и детали за инвестиции во авганистанската покраина Хелманд, само пет минути откако ги добил.

Покрај тоа, постојат индиции дека тој планирал заеднички бизнис во Кина со Епстин додека бил на должност, а доверливи информации биле споделувани и со други бизнисмени, вклучувајќи го и случајот со интерен владин документ за исландската финансиска криза во 2010 година.

Во моментов, осум британски полициски служби истражуваат различни обвиненија против поранешниот принц, вклучувајќи можно вмешување во трговија со жени и девојчиња, како и злоупотреба на доверени информации. Маунтбатен-Виндзор ги негира сите обвиненија, како за сексуално злоставување, така и за злоупотреба на положбата.

Полицијата на Темз Вали потврди дека утрово уапсиле маж во шеесеттите години од Норфолк и вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк, во рамки на истрагата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo