ПРВ.мк
Свет

Италија почнува со воздушна мисија за Газа: Помош пристигнува од 9 август

Италија почнува со воздушна мисија за Газа: Помош пристигнува од 9 август
Escape

Италија официјално најави дека од 9 август ќе започне со авионски испораки на хуманитарна помош за цивилното население во Газа, кое со месеци се соочува со последици од крвавиот конфликт. Веста ја потврди министерот за одбрана Гвидо Кросето, кој откри дека се активираат армијата и воздухопловните сили за оваа итна мисија.

„Одобрив мисија што ќе вклучи логистички и оперативни ресурси на Армијата и Воздухопловните сили со цел транспорт и воздушно испорачување на основни средства за цивилите во Газа“, изјави Кросето, нагласувајќи дека ситуацијата на теренот бара брза и ефикасна интервенција.

Операцијата стартува уште во следните часови, кога на терен ќе пристигне италијански тим за подготовка и координација со локалните власти. Целта е навремено организирање на логистиката и осигурување дека помошта ќе стигне до најпогодените зони.

Овој потег доаѓа во време кога хуманитарната криза во Газа достигнува алармантни нивоа, со десетици илјади луѓе кои немаат пристап до храна, вода, лекови и медицинска нега. Италијанската влада со оваа акција се приклучува на меѓународните напори за ублажување на страдањата, нагласувајќи ја итноста и човечката страна на кризата, надвор од политичките пресметки.

Mia Home Mavrovo