Голем пожар избувна во хали на компанијата ЛПП Холдинг во Пардубице, Чешка, а анонимна група презеде одговорност, тврдејќи дека нападот бил мотивиран од наводна соработка на фабриката со израелската воена индустрија.
- Неколку минути пред инцидентот, редакции добиле електронска порака од групата „Earthquake Faction“, која тврди дека пожарот бил извршен за да се „прекине улогата во израелските воени операции“.
- Според пораката, фабриката наводно била дел од проект со израелската компанија „Елбит Системс“, главен снабдувач на израелската армија.
Чешките власти го третираат случајот како можен терористички инцидент. Министерот за внатрешни работи свика кризен штаб, а истрагата ја води Националниот центар за борба против тероризам со помош на безбедносно-разузнавачките служби.
Од компанијата ЛПП Холдинг демантираат дека се работело за производство на израелски дронови:
- Тие потврдуваат дека во минатото постоеле планови за соработка со „Елбит Системс“, но тие никогаш не биле реализирани.
- Фабриката моментално се занимава со развој и производство на оптичка опрема, термовизиски уреди и технологии за ноќно гледање, главно во партнерство со Украина.
Истражителите разгледуваат повеќе можни сценарија – од намерно подметнување на пожар, преку екстремистички напад, до потенцијално странско влијание.
- Во пожарот нема повредени, но материјалната штета е значителна.
Извор: Скопје1.мк


















