ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ СО ‘МИЛКА’: Чоколадата што го изигра потрошувачот!“

СКАНДАЛ СО ‘МИЛКА’: Чоколадата што го изигра потрошувачот!“
Kristal

Хамбуршкиот центар за заштита на потрошувачи ја прогласи чоколадата „Милка“ за голема измама на годината за 2025, поради манипулација со пакувањето. Две третини од гласачите, односно 66,7%, ја избрале токму оваа позната алпска чоколада како „најголема измама со пакување“.

Причината: пакувањето е намалено од 100 на 90 грама, чоколадата е потенка за еден милиметар, а цената драстично се зголемила од 1,49 на 1,99 евра, што потрошувачите го доживуваат како „суптилна, но очигледна измама“. Според Армин Валет од Агенцијата за заштита на потрошувачи во Хамбург, резултатот од гласањето е јасна порака дека ваквите практики се неприфатливи.

Оваа „негативна награда“ е најубедливата досега во 12-годишната историја на гласањето, а против компанијата веќе е поднесена тужба пред регионалниот суд во Бремен.

Скриените поскапувања стануваат сè поголем проблем: минатата година Центарот забележал 77 случаи на манипулации со пакување, со просечно зголемување на цената од 28,4%. Покрај „Милка“, меѓу првите пет измамници се нашле и: мешавина за печење со сирење од Dr. Oetker, Kölln XXL чоколадно-овесен мусли, Jacobs 3u1 Classic стапчиња за кафе и Knorr Penne Pomodoro Mozzarella.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo