ПРВ.мк

Тиквеш добива германски инвеститор, еден милион евра ќе легнат на сметка на кавадарчани!

Тиквеш добива германски инвеститор, еден милион евра ќе легнат на сметка на кавадарчани!
VERO Banner

Фудбалскиот клуб Тиквеш во следните седмици треба да ја финализира новата сопственичка структура. Општина Кавадарци како сопственик на клубот ќе биде помогната од неименуван германски инвеститор кој до крајот на март ќе исплати еден милион евра.

Ова го потврди градоначалникот на градот Митко Јанчев на последната седница на советот.

„Ќе разговараме на вонредна седница за германски инвеститор да пушти еден милион евра во ГФК Тиквеш на крајот на март. Со тие средства треба да се покрие работата во оваа и наредната сезона. На тој начин ние како град ќе добиеме помош, а ќе останеме и со 50% акционери. Притоа ќе имаме контрола во клубот. Дај Боже да се случи тоа и во ракомет и кошарка, да дојдат инвеститори и да помогнат“, изјави градоначалникот Јанчев.

Првиот човек на градот најави финансиска стабилизација за Тиквеш. Тимот кој минатото лето играше и европски фудбал по освојувањето на Купот на Македонија се бори за опстанок.

Во моментов Тиквеш има 18 бода и се наоѓа на десеттата позиција, Брера е деветта со три повеќе, а Воска и Беса кои се под кавадарчани се на ист број бодови.

Гол.мк

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран