ПРВ.мк

Денес се празнува Летник – македонски народен празник: Неколку работи кои треба да ги направите денес за убава и среќна година

Денес се празнува Летник – македонски народен празник: Неколку работи кои треба да ги направите денес за убава и среќна година
VERO Banner

Летник – македонски народен празник

Летник е македонски народен празник што се празнува на 1 март по стар календар, и е поврзан со враќањето на птиците преселници во Македонија. Празникот означува почеток на пролетта, цутењето на дрвјата и започнувањето на земјоделските работи. Поради неговото значење, често се смета за почеток на работната година.

Најчесто се празнува во Западна Македонија, особено во Галичник, Мијачијата, Голо Брдо, Пустец, Дебарско, Преспа, Охридско и Струшко. Празникот има народен, а не верски карактер, па го празнуваат и православни и муслимани во тие региони. Се смета дека потекнува од пагански обичаји.

Овој празник, иако со процесот на миграција запоставен во градовите, сѐ уште се празнува во руралните региони на Голо Брдо, Мала Преспа и Струшки Дримкол. Поради тоа што се празнува само од Македонците (и христијани и муслимани), Летник е сметан за етнички македонски народен празник.

Древен македонски празник на светлината

На истиот датум, древните Македонци го празнувале празникот Ксантика, поврзан со зголемувањето на светлината и почетокот на пролетта. Овој древен празник исто така се сметал за почеток на годината и бил поврзан со земјоделските работи.

Начин на празнување

Летник започнувал рано наутро, кога луѓето гледале да здогледаат птица, за да им биде лесна годината, и проверувале дали имаат златна или сребрена пара за успех. Потоа се излегувало во шумите, од каде се носеле расцутени дренови гранки, кои луѓето ги држеле за здравје и сила.

Децата носеле суви гранки и оделе од куќа до куќа, фрлајќи ги во огништата со желба за многу деца. Во куќите се носела гранка од дрен, а домаќините ги гоштевале гостите со ореви, варена пченка и благо. Тој што прв ќе влезел во домаќинствата на Летник, се сметал за „среќна рака“ и бил добро прифатен во годината што следела.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран